Холивудскиот актер Крис Еванс, познат по улогата на Капетан Америка, откри како романтично ја запросил својата сопруга, актерката Алба Баптиста. На премиерата на неговиот нов филм „Материјалисти“, Еванс раскажа дека нејзиното запросување било нешто навистина посебно – ѝ предложил брак на нејзиниот мајчин португалски јазик.
„Таа е Португалка, па сакав тој момент да биде навистина интимен и значаен“, изјави Еванс. „Вежбав цела недела како да ѝ кажам: ‘Ќе се омажиш ли за мене?’ на португалски“.
Актерот призна дека бил толку возбуден што за малку ќе го открил изненадувањето додека подготвувал појадок. „Бев навистина нервозен кога дојде моментот. Всушност мислам дека ја згрешив реченицата, но таа ја разбра пораката“, се нашегуваше Еванс.
Љубовната приказна на Еванс и Баптиста започнала во 2022 година. По нешто повеќе од една година врска, се венчале во септември 2023 година на интимна церемонија во нивниот дом во Масачусетс. Свадбата била строго затворена за јавноста – гостите, меѓу кои и славни пријатели како Роберт Дауни Џуниор, Крис Хемсворт и Скарлет Јохансон, морале да потпишат договори за неоткривање информации и да ги предадат своите мобилни телефони.
Подоцна, парот организирал и втора венчавка во Португалија, за да ја споделат радоста и со семејството на Алба. За време на престојот во Португалија, парот случајно се сретнал со Меган Маркл и принцот Хари во бар или ресторан.
Иако долго време ја чувале љубовта далеку од очите на јавноста, Еванс конечно ја потврди веста минатиот октомври на Њујорк Комик Кон, гордо покажувајќи го својот венчален прстен. Таму првпат сподели детали за свадбите.
„И двете церемонии беа прекрасни и магични. Подготовките беа стресни, но сега уживаме во животот заедно. Есента ни е омилено време од годината, па едвај ја чекаме“, изјави Еванс со насмевка.
Љубовната приказна на Крис Еванс и Алба Баптиста уште еднаш покажува дека за вистинските моменти вреди да се потрудиш – дури и ако тоа значи учење на нов јазик.