380
Долго време се зборуваше за нов дел од „Men in Black“, но речиси немаше никаква информација околу него.
Крис Хемсворт може сѐ, најмногу да импресионира со своите вештини со огромен чекан. Сега најде нова професија која вклучува црн костум. Според „Vanity Fair“, актуелните агенти – Вил Смит и Томи Ли Џонс – нема да бидат дел од четвртиот филм „Men in Black“.
Она што е познато е дека друштво на Крис ќе му прави Теса Томпсон. 34-годишната актерка глуми во „Thor: Ragnarok“. Таа ќе учествува и
во „Avengers: Endless Wartime “ и продолжението на „Creed“.
Уште не е познато многу за филмот, а неговата премиера ќе биде во мај 2019 година.