Актерот Крис Нот (68) се уште е на слобода по сите кривични пријави и граѓански постапки, една година откако неколку различни жени го обвинија за сексуален напад.
Две недели по премиерата на продолжението на „Сексот и градот“, во кој го играше ликот на „Big“, две жени го обвинија за сексуална злоупотреба, а уште три подоцна им се приклучија.
Повеќето од нив тврдеа дека актерот одел во кафулиња и се обидувал несоодветно да допира жени, а по обвинувањата, актерот беше исфрлен од сите проекти, вклучувајќи ја и серијата „Сексот и градот“.
Една од тие жени е пејачката Лиза Џентиле, која рече дека актерот ја нападнал во нејзиниот стан во Њујорк во 2002 година, а нејзиниот адвокат изјави:
– Во овој момент немам покренато никаква граѓанска постапка против Крис Нот.
На манекенката Беверли Џонсон наводно ѝ се заканувал дека ќе ја убие, што резултирало со забрана за приближување.