На доделувањето на „Оскар“ отсекогаш се случувале неверојатни приказни кои го привлекуваат вниманието на јавноста, но последната дефинитивно ќе остане запишана во аналите на оваа шоу програма.
Актерот Вил Смит излезе на сцената и му удри шлаканица на својот колега, комичарот Крис Рок, откако се пошегува на сметка на сопругата.
И покрај драматичниот тек на настаните, Рок одбил да поднесе кривична пријава против актерот.
Овој скандал привлече големо внимание, а неговите ефекти позитивно ќе се одразат. Рок треба да започне на турнеја од 30 март, а минималната цена на билетот за неговите настапи во претходните месеци била нешто повеќе од 46 долари.
По инцидентот, минималната цена на билетот скокнала и до вчера наутро изнесувала 344 а до вечер речиси 471 долар.
Освен драстичното поскапување на билетите, се зголемила и побарувачката за неговиот настап, па организаторите објавија дека за само еден ден продале повеќе билети за настапот на Крис Рок отколку што продале од почетокот.
We sold more tickets to see Chris Rock overnight than we did in the past month combined.
— TickPick (@TickPick) March 28, 2022