Манекенката Криси Тајген и пејачот Џон Леџенд две години по смртта на нивниот син објавија дека повторно ќе станат родители. Криси на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија со трудничкиот стомак во преден план, а во оваа прилика им се обрати на своите фанови:
– Во последните неколку години доживеав, најблаго речено, измешани чувства, но радост повторно го исполни нашиот дом и срца. Уште едно бебе е на пат! Пред секој преглед си велам „добро, ако е добро бебето, ќе објавам“, но потоа го слушам чукањето на срцето и одлучувам дека сепак сум нервозна. Мислам дека никогаш нема да излезам од преглед со повеќе возбуда отколку нерви, но досега сè е совршено и убаво и се чувствувам надежно и неверојатно!
Нејзината фотографија собра повеќе од 2,5 милиони лајкови за само девет часа, а под објавата се појавија коментари за поддршка.
Инаку, славниот пар се венча во 2013 година и веќе ги има ќерката Луна (6) и синот Мајлс (4).