387
Криси Тајген е позната по тоа што секојдневно објавува нови содржини на Инстаграм и другите социјални мрежи, кои често ги вклучуваат и нејзините деца.
Овојпат таа објави видео од Луна како пее песна за која самата ги измислува зборовите. Меѓу стиховите имало и „луди како луди денови“ и „сите луѓе се црвени и мртви“, а Криси го објавила видеото со опис од само еден збор: „Што!?“
На ова обожавателите прокоментирале дека девојчето е генијалец и дека сега на ред е Стивен Кинг.