Кристијан Бејл добил минималец за „American Psycho“, а многумина велат дека тоа е најдобрата улога во неговата кариера

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Актерот Кристијан Бејл во интервју за магазинот GQ откри дека за познатиот филм „American Psycho“ од 2000 година бил помалку платен од шминкерот на сетот. Како што изјавил, земал минимална плата, а дека дури и го исмевале поради малата плата.

– Никој не сакаше да ја работам таа работа освен режисерот. Па ми рекоа дека можам да се вработам само ако ме платат толку. Ми го платија законскиот минимум. Се сеќавам на еден ден од снимањето кога седев во приколката за шминка и сите ми се смееја затоа што заработувам помалку од нив – рекол Бејл и додал дека улогата всушност била наменета за Леонардо ди Каприо и дека кариерата му ја должи на него.

– И не само јас. Секоја улога што ја добива еден актер денес е затоа што Лео ја одбил. Не е важно колку си „добар“ со режисерите. Сите овие луѓе со кои сум работел претходно, сите тие прво му ја понудија улогата на Ди Каприо. Затоа, ти благодарам, Лео, бидејќи тој навистина може да избере што да работи. И секоја чест за него, тој е феноменален – изјави Бејл, пренесе „Index“.

Инаку, во филмот „American Psycho“ Кристијан Бејл го игра младиот, богат и проблематичен бизнисмен Патрик Бејтмен, а неговата глума беше пофалена од многу критичари. Некои велат дека тој одлично го одиграл овој лик.

Поточно, дека улогата на Патрик Бејтмен е најдобрата улога на Кристијан Бејл во неговата кариера.

Слични содржини