Кристијано плачеше, бидејќи мислеше дека не сторил ништо лошо

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Тренерот на Валенсија, Марселињо ја призна супериорноста на Јувентус.

Шпанскиот тим загуби со 0: 2 од шампионот на Италија во натпревар од Лигата на шампионите, иако Јуве играше со човек помалку повеќе од еден час по црвениот картон на Роналдо во првиот дел.

„Се сретнавме со тим кој е посилен од нас. По црвениот картон играта беше изедначена, но противникот ги искористи нашите грешки. Големиот удар за нас беше пеналот во самиот крај на првото полувреме“, изјави тренерот.

„Се обидовме да се вратиме во натпреварот во почетокот на второто полувреме, но вториот пенал нѐ доврши. Црвениот картон на Роналдо? Не ја видов ситуацијата, но тој беше доста емотивен, дури плачеше, бидејќи беше убеден дека не сторил ништо лошо“, коментира Марселињо .

Слични содржини