Кристијано Роналдо пушти на пазарот нов парфем

од Vladimir Zorba

Фудбалерот Кристијано Роналдо го пушти на пазарот својот нов парфем CR7, издавајќи, дека тоа е “неговото тајно оружје” за самодоверба. “Тој е моето тајно оружје. Го започнувам денот со мирисот и тој веднаш ме исполнува со самодоверба, и желба да го доживеан денот целосно”, изјави 32-годишната ѕвезда на Реал во текот на раскошната забава по повод отворањето на CR7 синоќа, каде Португалецот дури пушташе малку музика.

Ова е последниот производ од линијата мириси на Кристијано Роналдо по Legacy и Legacy Private Edition и освен како парфем CR7 ќе се продава и во форма на афтершејв, гел за туширање и дезодоранс. Новиот мирис комбинира истовремено машкост и нежност со навестувања на бергам, кардамон, лаванда, тобако, цимет, сандалово дрво, мошус и ванила.

“Сакав секој аспект од парфемот да ме претставува – од шишето, до пакувањето и кампањата. А црвената е и мојата среќна боја – тој е храбар, динамичен и незаборавен”, додаде Роналдо.

Слични содржини