Пејачката Кристина Агилера објави нов спот за нејзиниот хит „Beautiful“.
Текстот на оваа нумера стара 20 години е за тоа колку „сите сме убави, без разлика што велат другите“ и дека не треба да дозволиме „туѓите зборови да нè растажат“.
Кристина во тоа време сними и спот за оваа песна, кој го посвети на геј и транс луѓето, како и на сите оние кои се плашат да бидат тоа што се бидејќи се плашат од судот на околината.
По две децении, многу се промени, но се уште има предрасуди и осуди, а многу луѓе се уште се обидуваат да се претстават во поинакво светло, за да ги исполнат туѓите очекувања.
Затоа пејачката сними нов спот за оваа песна, а овој пат акцентот е ставен на негативното влијание на социјалните мрежи, естетската хирургија и нездравиот начин на живот.
Таа изјави дека со овој спот сакала да ја одбележи 20-годишнината од албумот „Stripped“ и Светскиот ден на менталното здравје. Таа преку својот Инстаграм профил им порача на своите фанови „да го заземат своето место, да се покажат и да ги стават на прво место својот ум, своето тело и душа“.
Во новиот спот за песната „Beautiful“ гледаме девојки нашминкани кои постојано гледаат во мобилните телефони, луѓе кои напорно вежбаат за да изгледаат како „стандардите на убавината“, девојки кои се оперираат и се шминкаат да изгледаат исто и многу други ситуации кои ја покажуваат нашата тажна реалност.