Кристина Агилера пееше “инкогнито” во њујоршкото метро заедно со телевизискиот презентер Џими Фалон кој ја пратеше на гитара. На овој начин ѕвездата го одбележа излегувањето на новиот албум, соопшти списанието ” Rolling Stone “.
Агилера се појави во метрото со костим од 70-тите години на минатиот век – со голема капа и очила, а Фалон освен очила беше ставил и брада. Тие ја испеаја песната “Think” на Арета Френклин.
Минувачите брзо ја препознаа и почнаа да ја фотографираат со своите телефони. Потоа двајцата изведувачи ги симнаа костумите и продолжија со акустична верзија на песните “Fighter” и “Fall in Line”.
Новиот албум на Кристина Агилера “Ослободување” беше објавен завчера.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=17&v=tPwuLLL64HM