Кривичен одлучи: Нема рекострукција за петкратното убиство кај Смилковско езеро

202 прегледи

За петкратното убиство кај Смилковското езеро, Кривичниот суд одлучи да нема реконструкција со образложение дека местото е променето. Одбраната пак, на ова посочи дека е ова седми пат како предлогот се одбица, но тие како што велат, и натаму ќе инсистираат да се направи реконструкцијата, бидејќи сметаат дека е важна за вистинитоста во случајот.

„Ова е повеќе од потребно бидејќи ние како одбрана со ова докажуваме дека кодираниот сведок не ја кажува вистината. Одбивањето на реконструкцијата судот го оправдува со конфигурацијата на самото место, додека тоа е променето за да се покријат трагите и да се спречи реконструкцијата. И покрај ваквата состојба, нас не интересира лажната изјава што неколку пати ја повторуваше шифрираниот сведок, односно сме заинтересирани за растојанието помеѓу него и лицата што ги обвинува дека ги видел таму. Ние инсистираме на реконструкција, така што самиот суд може да види дека од далечина поголема од 100 метри не можете да ги видите трагите од која било личност. Изненадувачки е незаинтересираноста на судството, поточно на претседателот на советот“, посочи адвокатот Насер Рауфи.

Од здравствени причини, денес не се појавија ниту останатите сведоци кои беа предложени од одбраната. Рочиштето инаку подоцна беше одложено за 28. јануари.

Во предметот за петкратното убиство кај Смилковско Езеро што се случи на 12 април 2012. година обвинети се Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Хаки Азири и Сами Љута. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство во Косово и досега не се екстрадирани.

Петмината беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм“ потоа го презеде СЈО и судењето почна од почеток. Го води обвинителката Фатиме Фетаи.

Во петкратното убиство кај Смилковското Езеро настрадаа четири момчиња: Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Слични содржини