Кривична пријава против косовска државјанка за фалсификување лична карта

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(19) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.

„Д.К. на 2. месецов се пријавила на излез од Република Северна Македонија и од извршените проверки било утврдено дека поседува фалсификувана италијанска лична карта и италијанска здравствена легитимација, за кои изјавила дека ги набавила од непознато лице за 1.000 евра“, информира министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен.

Слични содржини