Кривична пријава против тројца дилери на кокаин

од Radmila Tasevska
98 прегледи

Имено, Т.Ш. и Д.О., како дел од оваа организирана криминална група, биле на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа во Струга каде, користејќи поволности за секојдневен излез од затворот, заедно со лицето А.М., продавале кокаин на лица од целата држава, за што Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал има обезбедено и документирано купопродажби и доказен материјал.

На 20.12.2022 извршен е претрес во домот кај А.М., кој заедно со Т.Ш. и Д.О., кои во моментов се наоѓаат во Казнено-поправна установа во Битола, во текот на денот ќе бидат изнесени пред Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје.

Слични содржини