СВР Битола поднесе кривична пријава против Румен Стаменов од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
По тоа, во ДОО „Агроинвест“ – Прилеп биле складирани вкупно 29.510 кг јачмен по што при проверките е констатирано дека жетвата не е спроведена во согласност со законските регулативи, односно во евиденциите на Инспекторатот не постоеле договори за жетва, договор за транспорт, договор за складирање и чување јачмен, податоци за ожнеана површина и количина на ожнеаната жетва.
„Пријавениот, не вршејќи должен надзор, не ги евидентирал количините јачмен и овозможил стекнување противправна имотна корист за други во износ од 700.000 денари, со што го оштетил Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за земјоделство Скопје“, информираат од МВР.