Кривична пријава за фалсификување исправа

од Stefanija Kuzmanovska
136 прегледи

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(38) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” казниво по член 378 од Кривичниот законик. На 01.10.2021, пријавениот изготвил и со потпис и печат на правно лице, на кое што е сопственик и управител, заверил невистинита исправа (договор за закуп) дека закупил објект од сопственик на објектот кој бил починат во 1994 година.

Невистинитата исправа ја приложил во Управата за јавни приходи кон поднесеното Барање за издавање Решение за добивање согласност за отворање на ново уплатно-исплатно место за приредување игри на среќа, како доказ дека правното лице има корисничко право на објектот, на основа на која Министерството за финансии му издало Решение за добивање согласност за отворање на ново уплатно-исплатно место за приредување игри на среќа.

Слични содржини