143
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Х.(25) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против Р.И.(30) од с.Палчиште, Ј.И.(26) од с.Долно Палчиште и М.Х.(28) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
На 31.12.2022 во близина на зграда на ул.„Штипска“ каде престојувала М.Х., била пронајдена торба со околу 600 грама „марихуана“, која била преземена од домот на И.Х. од страна на лицата пријавени за помагање.