251
СВР Охрид поднела кривична пријава против С.Т.(42) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „оштетување“.
Тој, соопшти денеска МВР, во неколку наврати во изминатите шест месеци, со закани, на лице од Скопје му барал парични средства во износ од 600.000 денари.
Во два наврати, посочуваат, извршил оштетување на неговото патничко возило „лексус“.