Кривична за „демнење“ за неготинец кој ја вознемирувал поранешната вереница

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Полицијата од Неготино поднесе кривична пријава против 35 годишен жител на Неготино, поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „демнење“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавениот се сомничи дека ја демнел жртвата во периодот од февруари 2023 до мај 2023 година.

– Во периодот од февруари 2023 до мај 2023 година, пријавениот неовластено ја следел неговата поранешна вереница и ја вознемирувал со пораки преку вибер и со испраќање писма до домот во кој што таа живее, стои во соопштението од МВР.

Слични содржини