Кривична за скопјанец поради сомнение дека физички ја нападнал бремената сопруга

од Vladimir Zorba
188 прегледи

МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против Е.И. (28) од Скопје поради сомнение дека на 14.10.2023 околу 00.00 часот на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнал 23-годишната бремена сопруга.

Според МВР, од здобиените повреди настанала смрт кај плодот, што било потврдено со вештачење.

Од судија на претходна постапка на Е.И. му била определена мерка притвор.

Слични содржини