Кривична за стружанка која ги принудувала децата да питачат во Дебар

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Кривична пријава е поднесена против стружанка, поради сомнение дека ги присилила нејзините деца да питачат во Дебар, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

– ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Н., на возраст од 38 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пријавената, со запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување, своите три малолетни деца ги присилила да питачат во Дебар, се појаснува во соопштението.

Слични содржини