СВР Битола до Основното јавно обвинителство во Битола, поднесе кривична пријава против лицата Б.Х. (63) претседател на Комисијата за јавни набавки на општина Новаци, како и членови на Комисијата за јавни набавки Е. Н. (33), Л.Ј. (54) и Г.Т. (63) раководител на инспекциски надзор воопштина Новаци, заради постоење на сомнение дека презеле дејствија опишани во кривичното дело „злоупотреба наслужбената положба и овластување“.
Пријавените лица со искористување на службената положба, при вршење на јавна набавка за гориво за службените возила, на правно лице „КМ Петрол Оил“ ДОО Новаци, му овозможиле да се стекне со имотна корист така што на отворањето на понудите констатирале дека понудата од правното лице е валидна и комплетна, и покрај фактот што знаеле декаправното лице не поседува лиценца.
– СВР Битола до ОЈО-Битола, поднесе кривичнапријава против Л.К. (65) вршител на должност градоначалник, заради постоење на сомнение дека презел дејствија „злоупотреба на службената положба и овластување“.Пријавениот во својство на службено лице во периодот од 2011 до 2014 година искористувајќи ја службената положба и овластување постапил спротивно Законот за јавни набавки, на начин што не донел одлука за потреба од јавна набавка за прибирање понуди за набавка на горива за службените возила, со што им овозможил право на две правни лица за периодот од 2011 до 2015 година да се стекнат со материјална вредност со вкупен износ од 4.605.712 денари, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
На денешната прес-конференција беше соопштено дека СВР Битола на 29 февруари до ОЈО-Битола, поднесе кривична пријава против пет лица на возраст од 39 до 61 година возраст вработени во Фод Дооел Новаци, едно лице на возраст од 35 години вработено во „КМ Петрол Оил“ ДОО Новаци и против правно лице „КМ Петрол Оил“ ДОО Новаци, заради постоење на сомнение дека пријавените презеле дејствија опишани во кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ како и „недозволена трговија“.
– Пријавените во својство на службени лица, со искористување на својата службена положба при вршењето на јавна набавка за постапка со преговарање без објавување оглас, од Законот за јавни набавки, прибавиле корист за правното лице, на начин што била донесена одлука за постапка со преговарање без објавување на оглас и во истата предвиделе дека преговарањето ќе биде со локациски најблискиот добавувач кој поседува лиценца за вршење на енергетска дејност. Пријавените во својство на службени лица извршиле избор на економскиот оператор „КМ Петрол Оил“ ДОО Новаци, како најповолен понудувач, иако во тендерската документација не била доставена лиценца за вршење на енергетска дејност, трговија со нафта и нафтени деривати од Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, посочи Стаматова/ МИА
