Жалбите на Специјалното јавно обвинителство се примени од Кривичниот суд. Тимот на Катица Јанева ја обжали одлуката на судот да не им се одреди притвор на осомничените во случајот „Титаник“, а јавноста беше известена час пред полноќ на социјалните мрежи.
„Совет од тројца судии од Основниот суд Скопје еден во рок од 48 часа треба да донесе одлука по жалбата на специјалното обвинителство. Ако советот ја прифати жалбата и им изрече мерка притвор, осомничените имааат 24 часа рок да се жалат до повисока судска инстанца“
Шекеринска до холандскиот министер: Со уште едни криминални избори кризата ќе се продлабочи
Жалбата на тимот на Јанева следи откако кривичниот суд донесе решенија со кои што се отфрла притворот за поранешниот министер за транспрот и врски, Миле Јанакиевски, уште две лица чиј што идентитет се уште не и познат на јавноста, а пак градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко го задолжи да се јавува еднаш неделно во судот во Ресен.