Криза во Австрија: Канцеларот Шаленберг поднесе оставка

од Nikola Popovski
316 прегледи

Александар Шаленберг најави оставка од функцијата канцелар на Австрија, само два месеци откако ја презеде функцијата. Тој рече дека ќе остане на функцијата додека неговата партија не се договори за нов лидер по заминувањето на Себастијан Курц.

„Цврсто верувам дека двете функции – шефот на владата и лидерот на австриската партија со најмногу гласови – наскоро треба повторно да бидат на исто место“, се вели во соопштението на Шаленберг.

„Затоа ја ставам на располагање мојата функција канцелар веднаш штом ќе се постави релевантен курс во партијата“.

Овој дипломат последниве години имаше неверојатна кариера, иако, како што во неколку наврати изјави, тоа не го сакал, објави „RT“.

Курц е под истрага поради тврдењата дека државните пари на Министерството за финансии биле користени во коруптивни бизниси, со цел да се обезбеди позитивно известување во таблоиден весник за партијата на чие чело е австрискиот канцелар, објавија обвинителите.

Слични содржини