Кризен менаџмент во полн ек: Директорот на „Боинг“ ќе поднесе оставка

Под водство на Калхун, „Боинг“ го врати „737 Max“ во комерцијална употреба во 2020 година по долго приземјување по две катастрофални несреќи.

од Бети Божиноска
204 прегледи

Извршниот директор на „Боинг“, Дејв Калхун, ќе поднесе оставка на крајот на годината како дел од реструктуирањето на компанијата, која од неодамна произведува авиони со „летечки делови“, пренесува „Политико“.

По серијата инциденти со авионите на „Боинг“, американскиот авијациски гигант – член на „големата петорка“ на американската воена индустрија која ја сочинуваат компаниите „Локид Мартин“, „Рејтеон“ (сега РТКС), „Џенерал дајнамикс“ и „Норторп Груман“ – се одлучи за „генералка“ во обид да го подобри сериозно нарушениот имиџ.

Претседателот на компанијата, Лери Келнер, нема да биде реизбран во одборот на „Боинг“, додека Стен Дил, шеф на Одделот за комерцијални авиони кој е во центарот на неодамнешната криза поради паднатите делови од авионот „737 Max“, ќе се пензионира. И тоа веднаш.

Под водство на Калхун, „Боинг“ го врати „737 Max“ во комерцијална употреба во 2020 година по долго приземјување по две катастрофални несреќи.

Токму додека производителот на авиони ја обновуваше својата репутација и се подготвуваше повторно да го испорача својот популарен „737“ во Кина, авион на „Алјаска ерлајнс“  изгуби дел од својот трупот во воздух, а беа пријавени уште неколку „ситни“ инциденти, кои предизвикаа хаос во „Боинг“.

Слични содржини