Грчката полиција уапси членови на криминална организација позната како „крофна-мафија“, која дејствувала на плажите на Халкидики.
Според грчките медиуми, уапсени се 12 лица на возраст од 17 до 52 години, како и водачот на групата, 39-годишен Грк, јавуваат грчките медиуми.
Тие се уапсени за кривични дела криминална организација, изнуда, трговија со луѓе, кршење на законите поврзани со спречување и сузбивање на перење пари и кршење на Законот за оружје, пренесува порталот „Вориа“.
Групата ангажирала странски државјани да продаваат крофни на 19 плажи на Халкидики, а доколку се спротивстават им се заканувале со ликвидација и дека физички ќе ги казнат.
Се проценува дека просечно заработувале од 600 до 1.200 евра дневно, во зависност од тоа дали крофните ги продавале за две или три евра.