Крофни со два вида чоколадo и јаткасти плодови

од Stefanija Kuzmanovska
246 прегледи

Состојки:

– 280 гр брашно

– 40 гр шеќер

– 1/2 лажичка сол

– 1 јајце

– 120 мл млеко

– 40 гр растопен путер

– 7 гр сув квасец

– 100 гр темно чоколадо

– 100 гр бело чоколадо

– сечкани бадеми, ореви, лешници по желба

Подготовка:

Во сад измешајте брашно, шеќер и сол.

Во друг сад додадете млако млеко, јајце, стопен путер и квасец. Добро измешајте и додадете ги во првиот сад со брашното. Се добро соединете.

Потоа додадете малку масло и месете го тестото околу пет минути, па оставете го да стаса час и половина до два часа.

После тоа, малку набрашнете ја површината и со сукало развлечете го тестото до дебелина на прст.

Користете поголема чаша за да го извадите тестото, а со помала чаша направете отвор во средината. Оставете ги крофните да отстојат 30 минути. Пржете на умерена температура.

Кога крофните се готови и малку ќе се изладат, прелијте ги со растопено, темно или бело чоколадо, па по желба посипете ги сечканите бадеми, ореви, лешници.

Слични содржини