Крокодил нападна голфер во Австралија

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Морски крокодил демнел играч на голф и го гризнал по нозе, по што избегал.iStock_000004886947XSmall

Инцидентот се случил во голф-клубот “Палмер Си” во австралискиот град Порт Даглас. “Седнав во количката и тргнав, за да си ја земам топката. Слегов, се наведнав  и во овој момент крокодилот ме нападна”, раскажува 75-годишниот Џон Лахиф.

“Единаесеттата дупка се наоѓа сосема блиску до водата. Воопшто не бев забележал дека крокодилот  ѕирка од неа. Откако ме гризна, побрза да нурне назад во морето. За моја среќа, не беше голем крокодил, околу метар и половина”.

И покрај сериозната рана Лахиф седнал назад во количката и се вратил во клубот, а по патот повикал брза помош по телефон. Брзата помош го однела во болница, каде што му ја обработиле раната и го зашиле. “ Се исплашив доста, признавам. Но, нема да се откажам од голфот!”.