Германскиот репрезентативец Тони Крос (34) изјави дека земјата во која е роден станала непрепознатлива поради напливот на голем број мигранти во последната деценија.
По елиминацијата на Германците од ЕУРО, Крос зборуваше и за нефудбалски теми во подкастот на „ЗДФ“ Крос открива дека ќе продолжи да живее во Шпанија и во Мадрид, бидејќи во моментов смета дека Германија е доста понебезбедна земја поради големите миграции кои направиле неговата земја да биде непрепознатлива.
– Германија веќе не е истата земја од пред 10 години, а тоа е така порарди масовната миграција. Масовната миграција во нашата земја стана премногу неконтролиранa. Секаде има големи проблеми, има голем метеж и тоа за мене е премногу. Има имигранти кои се добри луѓе, но ако не можете да ги разликувате од тие кои не се добри за Германија, на крајот работата станува тешка. Ставот на Германците станува се поподелен на оваа тема. Една од главните причини поради кои ќе продолжам да живеам во Шпанија е безбедноста. Во голем германски град би се плашел да ја пуштам мојата ќерка надвор после 11 часот навечер, во Шпанија тоа не е така, открива Крос.
Според официјалните податоци, мигрантите се одговорни за шест од десет насилни злосторства во Германија. Иако тие сочинуваат само 14,6 отсто од населението во Германија, тие се одговорни дури 58,5 отсто од насилните акти.