Крстев: Победата на Вучиќ ја уништи демократијата во Србија

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Српските парламентарни, регионални и локални избори се веќе факт. Малку над 3.500.000 гласачи во соседна Србија излегоа и го дадоа својот глас во нив. Без никакво изненадување посочуваната за фаворит во нив Српска напредна партија (СНП), ги доби гласовите на 2.000.000 гласачи или на над 62% од избирачите, што ќе и даде можност да располага со приближно 189 пратеници во новиот српски парламент од вкупно 250. Дури лидерот и претседател на земјата Александар Вучиќ, беше изненаден од тој изборен резултат, пишува Николај Крстев за Квадрат 5.

Од 2014 година, кога СНП влегува убедливо во власта, ова е најдобриот резултат, кој таа го постигнува. И кај втората политичка сила немаше особена интрига, Социјалистичката партија на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ успеа да ги задржи своите изборни резултати, па дури и скромно да ги прошири во однос на 2016 година и да добие со 3 пратеници повеќе, располагајќи со 32 пратеници. Всушност, тоа е партијата на југословенскиот диктатор Слободан Милошевиќ, а Ивица Дачиќ беше нејзин портпарол во 90-тите години. По соборувањето на режимот, партијата беше во опозиција до 2008 година, кога бавно, но сигурно го започна својот поход кон власта.

Трета сила во новоизбраниот парламент е српскиот патриотски сојуз ʺСпас“ на Александар Шапиќ, кој е релативно непознат играч на политичката сцена во соседна Србија затоа што е општински градоначалник на една од најголемите белградски општини Нови Београд. Во новиот парламент влегуваат и неколку формации на националните малцинства во земјата на унгарците, албанците и бошњаците. На работ да влезе е и монархистичката партија е на работ, но сè уште близу 0,50% ја делат од парламентарните места.

Ете таков парламент доби нашиот западен сосед. Според оценките на независните аналитичари, новоизбраниот српски парламент ќе биде повеќе десен, десно-националистички и до голема степен популистички, кое во текот на времето би можело да се претвори во проблем за граѓаните на земјата. Бојкотот, кој го објавија лидерите на еден дел од опозицијата ги даде своите делумни резултати и се одрази на вкупната изборна активност, која е најниската, во споредба со сите избори од 2008 година наваму, близу 48%.

Ниската изборна активност ја доведува во прашање легитимноста на владејачката формација и таа на претседателот Александар Вучиќ. Во Белград пред гласачките кутии отидоа едвај 35-36%, кое означува, дека повикот за бојкот стигна до голем број избирачи во Србија. Бојкотот успеа, но бојкотирачите изгубија и заедно со нив во минатото со отиде еден важен политички период во најновата историја на Србија. Целиот спектар на демократски партии што го паметиме од 5 октомври 2000 година, кога беше соборен режимот на Слободан Милошевиќ, денес не доби ниту еден глас за поддршка… Зошто се стигна до тука ли, веројатно ќе прашате?

Поради недостатокот на харизматични лица меѓу лидерите на опозицијата, како и точна проценка за потребата од обединување во навечерието на гласањето, што доведе до овој тежок удар за нив. И покрај масовните протести на опозицијата ʺ1 од 5 милиони“ од крајот на 2018 година, кои продолжија до летото 2019 година, опозицијата не успеа да изгради точна и јасна стратегија за тоа како да ги премости меѓусебните разлики и да постигне превласт над владејачката Српска напредна партија.

За прв пат во најновата историја на Србија, Александар Вучиќ како цунами успеа да измете сè пред себе си и да ги елиминира скоро сите политички субјекти, дури и оној од кој влезе пред 27 години во српската политика – крајно-десната Радикална партија на Воислав Шешељ.

Но, победник ли е всушност Вучиќ? Изборните резултати во пракса покажуваат, дека Србија ќе има еднопартиски парламент, а единствено претставниците на националните малцинства во него ќе бидат реалната опозиција. Повеќето независни аналитичари во земјата се категорични, дека демократијата во Србија загуби, кое е најтешката последица од владеењето на Прогресивната партија. Од ЕУ и САД доаѓаа јасни сигнали, дека во Србија демократијата не работи добро и дека ги нема неопходните услови за спроведување на честни избори кај нашиот западен сосед. Најголемата загриженост на Западот беше недостигот на можност опозициските партии да бидат слушнати од сите во Србија затоа што немаа достап до Српската национална телевизија РТС (Радио I Телевизија Србија), како и притисокот, кој се укажува врз неколкуте преостанати независни медиуми од страна на власта. Притисокот врз четирите национални телевизии во Србија ја обезбеди победата на Александар Вучиќ на изборите. Според опозицијата, власта го искористила безпроблемно целиот административен ресурс, кое доведе до оваа без преседан победа за Вучиќ.

Протестите на опозицијата пред зградата на медиумот во пролетта 2019 година беа предизвикани од тоа, што таа не ги одразуваше нивните протести и не им даваше можност на нејзините лидери да учествуваат во нејзините публицистички програми, а нивните дејства не наоѓаа место во централните информативни емисии. Група незадоволни граѓани се обидоа насилно да влезе во зградата, што многу потсетува на 5 октомври 2000 година, кога демонстрантите против режимот на Слободан Милошевиќ маршираа на РТС паралелно со преземањето на Собранието заради обидот да им биде украдена победата на претседателски избори, се упатија кон РТС, за да стават крај на пропагандата, која се лееше од неа повеќе од 11 години во поддршка на Милошевиќ.

Денес, времињата се други, но на внатрешнополитички план, ситуацијата во Србија многу потсетува на последните месеци од владеењето на Слободан Милошевиќ, со исклучок на фактот, дека на негово место е Александар Вучиќ, кој во тој момент беше министер за информации во СР Југославија.

Првиот, кој му ја честита победата на Александар Вучиќ и неговата партија, беше премиерот на Унгарија Виктор Орбан, кој е доста близок негов сојузник во последните години. Два дена пред гласањето во Белград, во посета (не)случајно беше министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. Повеќе од неговото време во Белград Лавров го помина со својот српски домаќин Ивица Дачиќ, со што Москва му помогна во предизборниот натпревар а и во затегнатите односи со претседателот Александар Вучиќ. За време на неговата посета, Лавров го предупреди Белград дека Западот подготвува голем притисок врз Србија за да ја признае независноста на Косово.А меѓу редовите, тој кажа дека некој не ги заштитува добро во Белград интересите на Србија. Тој дури коментираше дека ʺне дошол моментот да се настојува за наоѓањето на сеопфатно решение за Косово“. Москва меѓутоа ќе поддржи секакво решение за Косово што е прифатливо за Србија, беше категоричен Сергеј Лавров.

Разговорот меѓу Вучиќ и Лавров продолжи подолго од предвиденото, за време на него рускиот највисок дипломат јасно ја пренел пораката од Москва, дека не може да има трговија со Косово заради евро-интеграцијата на Србија и признавањето на Косово како меѓународен субјкт од страна на Белград. На прес конференцијата по разговорот, Александар Вучиќ го кажа смислено следното: ʺАко е неопходно да бидам недвосмислен, нашиот одговор е големо ʺНЕ“, но не разбрав, што има тоа заедничко со нашите руски пријатели“. Но, ајде … “

Русија даде сигнал дека ќе спречи во Советот за безбедност на ООН за прифаќањето на евентуален договор за поделба на Косово, кажа уште Сергеј Лавров во пресрет на средбата во Вашингтон. Лавров исто така кажа дека Москва нема да дозволи ревизија на Дејтонскиот договор, со кој се стави крај на најкрвавиот конфликт во Босна и Херцеговина пред 25 години, што се случи во постјугословенскиот простор во 90-тите години. Што ја тера Русија да се повлече во однос на плановите за размена на територии помеѓу Србија и Косово? Одговорот е многупластов, започнувајќи од глобалното спротивставување меѓу Русија и САД и тензиите што постојат меѓу нив во Сирија и стигнувајќи до регионалните процеси.

Во исто време, специјалниот претставник на САД за дијалогот Белград-Приштина Ричард Гренел организира во Вашингтон, зад грбот на ЕУ средба меѓу претседателите на Косово и Србија Хашим Тачи и Александар Вучиќ, во Вашингтон, во обид да се постигне конечно решение за Косово. Таа треба да се спроведе во сабота на 27 јуни. Прашањето е како Србија да ʺдобие нешто“ во започатите договарања за признавањето од Белград на Косово. Сега започнува големото наддавање за Косово и Србија ќе се стреми добро да го продаде своето признавање за ʺнејзината јужна провинција“, како што се уште пишува во уставот на земјата. Претседателот Вучиќ објави дека во багажот за Вашингтон подготвил не бело знаме, а триколорот на Србија. Вашингтон се надева дека ќе го убеди Вучиќ дека сега е моментот да се реши косовското прашање, а за возврат на тоа Белград да добие можност за побрзо влегување во ЕУ и пакет од економски инвестиции. Вучиќ, од една страна, сака да стави точка на ова отворено прашање за Србија, но тоа станува сè покомплицирано.

Прашањата, кои стојат пред Александар Вучиќ е како да калкулира помали загуби за неговиот имиџ на претстојните претседателски избори во 2022 година. Од една страна е администрацијата на Белата куќа, која е најблизу до разбирањето на Белград за размена на територии, а од друга страна е не само српската опозиција, која е против, но и влијателната Српска православна црква, како и поголемиот дел од луѓе во земјата кои не се согласуваат со ваков потег. Против е и дел од ЕУ, кој сам ќе треба да учествува на терен во реализацијата на оваа идеја. Форсирањето на косовското прашање се совпаѓа со тензиите меѓу САД и Германија. Додека Вашингтон е за изнаоѓање на решение за Косово, Германија е против тоа, затоа што секоја размена на територии
помеѓу Белград и Приштина ќе доведе до нов бран тензии не само на Балканот, туку и на други места на Стариот континент и може да доведе до хаос.

Во оваа комплицирана ситуација гледаме, дека Париз ја презема улогата на Берлин во однос на Косово, подготвувајќи се да биде домаќин на идна средба на врвот меѓу Белград и Приштина во француската престолнина во јули. Вучиќ е поставен пред многу тежок избор дали да стигне до крај во наоѓањето на конечно решение за Косово, како што тој го определува, и да балансира во сложената шаховска игра меѓу Вашингтон, Москва, Брисел и Берлин. Прашањето е тој да не биде матиран од некој од играчите? Кој е полезниот потег за Александар Вучиќ? Србија наскоро може да се најде во ќорсокак со водената од Белград косовска политика, која започна пред 10 години со формулата ʺи Косово и ЕУ“, за да стигне денес до ʺили Косово или ЕУ“. Во текот на следните 8-9 дена, на Вучиќ му претстои доста комплицирана надворешнополитичка турнеја, која започнува со посета на Москва на 24-ти јуни, за парадата на победата, посветена на 75-годишнината од крајот на Втората светска војна. Таму ќе се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин, по што ќе ги посети Брисел и Вашингтон за да учествува во разговорите со Хашим Тачи, под покровителство на Белата куќа и Ричард Гренел. Победата, што ја доби Александар Вучиќ на парламентарните избори, едвај ли ќе му го осигури неопходниот комфорт за решавање на косовското прашање, како што би му се сакало, затоа што во него се прекршуваат множество глобални и регионални интереси.

Ќе се лизне ли Вучиќ по еуфоријата на невидената изборна победа во Србија, претстои да видиме, но следните месеци и години ќе бидат доста тешки не само за Србија, туку и за неговиот личен политички опстанок. А, за разединетата опозиција, тоа ќе биде време да најде сили да изгради нешто ново, за да може да биде реална конкуренција на власта во нашиот западен сосед, кога ќе настапи разочарување од владеењето на Вучиќ и почетокот на стабилизирање на политичката слика кај нашиот западен сосед.

Авторот е долгогодишен кореспондент на Бугарското национално радио за Западен Балкан во Белград – 2003-2011 година

Слични содржини