Крстевски ги демантира обвинувањата на Бугарија за Државниот архив

363 прегледи

Во изјава за Алсат, директорот на Државен Архив, Емил Крстевски ги демантираше обвинувањата кои пристигнаа од Софија, имено насочени на нетранспарентност и цензура на Државниот архив.

Во таа насока, Крстевски посочи дека институцијата редовно е посетена и од експерти и студенти кои доаѓаат од Бугарија. Исто така, тој потврди и дека двата архива се во одлична комуникација и имаат добри односи.

„Ова е една од 43-те оригинални песни што ги имаме од Гоце Делчев, напишани под псевдонимот Ахил. Тоа е преписка со неговите соборци и пријатели, и ние ги чуваме во нашите магацини. Ова е копија од документот на нашата азбука. Ова е документот за нашата химна“, вели Крстевски.

Слични содржини