Kандидатот за градоначалник на Росоман, Ѓорѓи Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг најави дека во оваа општина ќе се воведе годишна карта за паркинг од 800 денари за сите жители и бесплатен превоз за сите пензионери кои ќе го користат јавниот превоз.
-Ќе обезбедиме храна за дечињата во основното училиште, а не како сега во спотови. Ќе се обезбедат бесплатни униформи а не како до сега родителите да бидат изложени на дополнителни трошоци притиснати од раководството на општината. Заедно со АД Водостопанство ќе отвориме подрачна канцеларија во Росоман, ќе се воспостави кол центар 24/7 каде граѓаните ќе ги пријават своите проблеми, а за сите семејства од социјален ризик ќе воведеме бесплатна градинка, рече Крстевски од митингот во Росоман.
Крстевски посочи дека тие што со години владееле со лаги, со притисоци и со страв нека знаат дека времето им завршува, дека народот се биди и не се заплашува, а кога Росоман ќе се разбуди, тогаш нема сила што може да го запре.
-Во вториот круг нема калкулации и дека има само две страни, едната на страната на народот, а другата на страната на корупцијата, на страната на иднината, или на страната на минатото. Ние стоиме со народот и затоа, пред сите вас, ветувам дека во наредниот период ќе реализираме проекти што ќе ја променат општината, подвлече тој.