Крстоносната војна на Москва

од desk3
207 прегледи

Со векови Русија и Турција биле крвни непријатели. Работите денес изгледаат многу различно – двете страни се доближуваат се повеќе. За сметка на Западот.

Во 1453 година империјата на источните ромеи, грчка Византија, беше поразена – речиси милениум по залезот на западната римска империја. Она што се повеќе згаснува во историската меморија, во Москва никогаш нема да го заборават. Таму уште од 17 век е жива сонот за обновување на дворецот во Константинопол во нов, уште во поблескави сјај од предходно. Царицата Катерина II Велика го нарекувала утописки потфат “грчкиот проект”, поради кој Русија и Турција векови по ред воделе војни.

Но откако денес гледаме како со конфликтот во Украина Русија сака да ги казни Европејците и да ги пренасочи испораките на гас “во моќната транзитна земја Турција” (според зборовите на шефот на “Газпром” Алексеј Милер) и штом претседателите Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган заедно упатуваат катастрофални критики кон политиката на Западот, тогаш фронтовите треба силно да се поместуваат. Од некогашни крвни непријатели Турција и Русија денес се претвораат се повеќе во економски партнери – за сметка на Западот. Кој би можел да го претпостави ова?

Византија ја спаси Европа, кога во раниот Среден Век таа успеа да го запре напредувањето на исламот. Дури во 1453 година Константинопол беше преземен од османлиите, за да стане природен центар на нивната растечка империја. Речиси сите земји и народи на Грција, Мала Азија и Балканот, кои дотогаш беа послушни на Константинопол и на православната црква, беа ставени на послушност на султанот. Познатиот историчар Стивен Рансиман ја нарече “заробеништво” судбината на источното христијанство, предадено од католичкиот Запад и уништено од исламот. За источните христијани еден Трет Рим изгледаше како далечен сон. Да не е тоа Москва!?

Подемот на Русија

Доста пред тоа Русите ја имаат усвоено од Византијците православната вера. Од 16 век империјата на царот во која дотогаш се распоредуваат Монголите и Татарите, тргнува да се претвора во голема сила, под влијание на мракот од магичноста на Константинопол. Во руски ракопис од 1525 година се вели: “Портите на Вториот Рим се предадоа на ударите на турските неверници. Но црквата од Москва, црквата на Новиот Рим, изгледа посветла од сонцето. Две римски империи паднаа, но третата ќе се воздигне.”


Додека едната империја цвета, другата пропаќа. Регионот на северното крајбрежје на Црното Море е стратешка тампон зона за Османлиите и нивните тамошни вазали – турскојазичните татарски племиња. Кримските Татари ја увезуваат Светата војна во христијанска Русија и киднапираат затвореници за да ги продаваат на пазарот за робови во Константинопол. Мачењата и спомените за ужасите од времето на монголското управување на Киев и Москва во доцниот среден век го даваат на рускиот одговор чувството за крстоносна војна. Битките почнуваат во 16 век. Дури по епохалното разбивање пред портите на Виена во 1683 година, османлиите се наоѓаат во повлекување. Руската армија ги истиснува Турците назад кон Црното Море, кон Крим, потоа во насока Дунав и Константинопол. А руските цареви се прогласуваат за чувари на братските народи на Балканот – православни Словени како Русите, кои во средниот век биле поробени од Османлиите.

Во центарот на Европа речиси никој не обрнува внимание на битките што се водат таму некаде далеку во Турција. Малкумина не ги познаваат странските и жестоки региони населени од многу народи, завојувани непрестано. Историчарот Јакоб Филип Фалмерајер е меѓу ретките исклучоци. Тој предвидува дека градот ќе биде преземен од русокосите северни луѓе: “Денес Русите стојат и доминираат на устието на Дунав,” пишува тој во 1829 година, споредувајќи ги со руските средновековни војни: “Делумно тоа се уште истите Руси, обземени од истиот убиствен презир, истиот животински порив за бестрашност при битки, но и исто настрвување за плен, пљачкосување и злато, со истиот неподнослив тирански став и истата жестокост под нивна власт. ”

Запирањето е на Русија

Турците го споделуваат тоа целосно. Во почетокот на Кримската војна во 1853 година, како што пишува историчарот Орландо Фигес во својата книга “Кримската војна”, британски дипломат во Константинопол набљудува како армија од волонтери го грабна оружјето: “Чудни фигури се собираат од далечни провинции, за да се спротивстават на Русите, “наведува Фигес.

Кримската војна продолжува од 1853-та до 1856-та година. Таа има еден милион жртви, кога Британската империја и Франција решаваат да ја поддржат Отоманската империја во битката против Русите. Владата во Лондон тогаш се аргументира со зборовите: “невидена агресија на Русија ги разбива во прав и пепел уверувањата дека е мирољубива сила. Единствено само ограничување на нејзината власт може да стави крај на нејзините завојувачки амбиции.” Потоа сојузничките флотили се приклучија крај бреговите на Крим, а во 1855 година паѓа тврдината Севастопол.

Токму тука е еден од корените на сегашниот конфликт во Украина. За претседателот Путин, анексијата на Крим во 2014 година од Украина, полуостровот претставува “света” територија, бидејќи, иако рускиот пораз во Кримската војна се смета за симбол на руското утрвдување против Западот. Да потсетиме дека територијата на денешна Украина во повеќето време била дел од руското царство.

Во 19 век Москва и Лондон се натпреваруваат за колонии и сфери на влијание во Азија. Но, стравот од Русија, прифаќа варварски и непредвидлив однос кон надворешниот свет и деспотство кон сопствениот народ, кој широко е распространет во Велика Британија, Франција и Австрија и во помал степен во Прусија. Во исто време овие големи сили немале ништо против да ги прошируваат териториите на сметка на странски народи.

Оштетената гордост на Русија

Руските елити од своја страна развиле чувство за изолација, што малку потсетува на денешната ситуација. Во бестселерот “1812” за поразот на Наполеон во Русија историчарот Адам Замојски опишува тоа чувство како “повредена гордост”: “Кога нациите си поставуваат за цел да се претворат во голема сила, тие развиваат чудна визија за тоа, која се заканува за нивното постоење. Кај Русите, на пример, ги прифатиле верувањата дека тие се некако различни од другите европски народи и дека поседуваат друг, подлабок дух “, пишува авторот.

Во 1877/78 година Романија и Бугарија се ослободуваат од отоманско владеење со помош на руските војници. Битките, како и секогаш, се сурови, исполнети со омраза. Русите стигнуваат само на 60 километри од Константинопол, но западните сили повторно ги спречија. Британците се плашат од контролата на Москва над морињата и се закануваат со војна. По Берлинскиот конгрес во 1878 година Отоманската империја задржува дури делови од владенијата на Балканот, вкл. “Вториот Рим”. Русите се чувстував измамени по војната, во која многу доброволци се бореа за ослободување на Словените и за враќањето на Константинопол на православните христијани.

Набргу потоа, сепак веќе не Отоманската империја е главен противник на Русите. Нивните интереси насочени кон Балканот, се соочуваат со оние на австро-унгарците. Оттука започнува и патот кон огромната несреќа во Европа во 1914 година. Првата светска војна започна поради расправија за Србија. Турците и Русите уште еднаш крстосуваат шпага. Неочекуваната победа на Турците кај Дарданелите се претвора во вистински мит.

Што ги зближува некогашните непријатели

По револуцијата во 1917 година стара Русија тоне се повеќе во насилство и убиства. Но чувството на закана од север останува жива во Турција. Затоа и земјата станува член на НАТО во 1952 година. Со Варшавскиот пакт и советските трупи на Балканот и во Кавказ стариот противник на Турција повторно е во позиција – макар и ставил нови одежди.

Денес сепак двете страни имаат мноштво сличности: висок потенцијал, минато на голема сила и сегашноста кое избледува пред сјајот на вчерашниот ден. Двете држави се развиваат авторитарно, на чело стојат силни водачи кои гледаат на сопственото цивилно општество како на непријател. И двете ги обединува чувство дека не се пожелни во заедниците на запад и во светот.