Крцкави залаци со незаборавен вкус: Сладок компир

399 прегледи

Состојки:

2 средно големи слатки копири
2 јаболка
3 лажици кокосово масло
1 лажичка сол
2 лажички јаворов сируп
1 лажичка цимет

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени, а плехот за печење премачкајте го со маргарин по избор.

Слаткиот копир измијте го, излупете го и исечкајте го на коцки. Јаболките не ги лупете, само добри измијте ги и исечкајте ги на еднакви коцки.

Слаткиот компир прелијте го со две лажици стопено кокосово масло, посолете и промешајте.

Печите 20 минути и промешајте уште еднаш на средината на печењето.

Со останатата лажичка масло прелијте ги јаболката, додајте јаворов сируп и ципет и сето тоа измешајте го.

По 20 минути извадете го компирот, измешајте го со јаболките и вратете во рерна. Повремено мешајте и печите 15-20 минути, се додека компирот не поприми кафена боја.

Слични содржини