Крвав викенд во САД: Тројца убиени вчера во Пенсилванија, двајца денес во Вашингтон

Пукањето било пријавено околу 3 часот по полноќ во близина на рекреативниот центар „Кенеди“, кој се наоѓа на десетина блокови североисточно од Белата куќа

од Бети Божиноска
182 прегледи

Две лица загинаа, а петмина други се ранети во пукање во Вашингтон утринава, соопшти полицијата, пренесува Си-ен-ен. Пукањето било пријавено околу 3 часот по полноќ во близина на рекреативниот центар „Кенеди“, кој се наоѓа на десетина блокови североисточно од Белата куќа.

Жртвите, сите возрасни луѓе, се пренесени во локалните болници, изјави помошник-началникот на Метрополитен полицијата, Џефри Керол, на брифинг за медиумите, без да даде детали за нивната состојба. Не е јасно кој отворил оган или што довело до пукањето, а полицијата не објави ниту едно апсење, ниту именува осомничен во случајот.

Претходно во саботата, три лица загинаа во пукање во Пенсилванија, соопштија денеска локалните власти.

Обвинителката на округот Бакс, Џенифер Шорн, изјави дека убиецот Андре Гордон (26), украл автомобил во Трентон, главниот град на Њу Џерси, упаднал во куќа во Фолс Тауншип предградие на Филаделфија, и ги убил својата маќеа и 13-годишната сестра.

Убиецот потоа отишол во друга куќа, каде што ја застрелал жената со која имал две деца, а потоа избегал од местото и киднапирал 44-годишен маж на паркинг во Морисвил, Пенсилванија.

Шорн потврди дека човекот кој го киднапирал Гордон не е повреден, а набргу по киднапирањето возилото што го украл Гордон било лоцирано во Трентон, каде што Гордон подоцна бил уапсен без инцидент.

Слични содржини