„Крвавата“ Селена Гомез приведена во центарот на Њујорк (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
420 прегледи

Папараците ја фотографираа поп-sвездата Селена Гомез обвиена во крв. Сцената во која полицијата ја апси е всушност една од сцените во серијата во која глуми пејачката.

Станува збор за телевизиската серија Only Murders in the Building, во која Селена Гомез ќе има една од главните улоги.

Поп-sвездата беше размачкана со лажна крв. Нејзиниот лик – Мејбел, која ја игра во серијата, вила уапсена по убиство.

Серијата е дел од новиот проект за платформа за стриминг Хулу.

Покрај Селена Гомез, во оваа продукција ќе играат и Стиви Мартин и Мартин Шор.

Според магазинот „Deadline“, серијата следи три лика кои се опседнати со убиства, и завршуваат како главни актери на еден.

Слични содржини