Крвната група открива какви сте во врска: О се романтични, Б себични!

од Vladimir Zorba
533 прегледи

Верувале или не, во Јапонија луѓето се проценуваат врз основа на крвната група, бидејќи веруваат дека тоа го одредува темпераментот и навиките.

Така е во сите сфери, од работа до љубов. Според древната источна култура, крвната група е одговорна за одредени карактеристики, како и за хороскопскиот знак, така што може да се искористи за да се утврди каков љубовен живот ве очекува.

Група А

Луѓето со оваа крвна група се искрени, чувствителни, трпеливи и воздржани. Тие се добри партнери и секогаш можете да се потпрете на нив. Не се многу забавни во кревет, но го надоместуваат со големи социјални вештини, па затоа се одлично друштво за вечера. Секогаш се подготвени да дадат поддршка, тие се одлични родители и добро се снаоѓаат во стресни ситуации.

Група Б

Оние кои припаѓаат на оваа крвна група се диви, страсни, креативни и силни. Во врска, тие се себични и неодговорни, но понекогаш тоа е токму она што многумина го бараат. Мажите со оваа крвна група припаѓаат на „лошите момци“ и честопати се себични.

Група АБ

Студени глави, мирни, рационални луѓе со многу изразена социјална нота. Лесно се прилагодуваат на секоја ситуација. Одлични се за врска, но мора да бидете подготвени за едно: тие никогаш нема да возвратат на љубовта со истата мерка што ќе ја земат. Покрај тоа, тие се одлично друштво на забави, а единствениот недостаток им е што се премногу критични.

Група О

Оние кои ја имаат оваа крвна група се друштвени и оптимисти, лесно ќе се согласат со сите сугестии и нема да инсистираат премногу на свој став. Сакаат да се гушкаат и тоа го комбинираат со одлично чувство за романтика. Заедно со таа добра страна, тие имаат и неколку лоши – љубоморни се, суетни и арогантни, затоа немојте да се изненадите ако ви „копаат“ по телефонот.

Слични содржини