179
Најмалку 11 лица загинаа во руското бомбардирање на станбени области на Харков, вториот по големина град во Украина на границата со Русија, соопштија денеска локалните власти.
„Рускиот непријател бомбардира станбени области. Поради бомбардирањето, кое се уште трае, не можеме да повикаме спасувачки служби… Во моментов има 11 загинати и десетици повредени“, изјави на социјалните мрежи регионалниот гувернер Олег Синегубов.
Русија рано утрото на 24 февруари изврши напад врз Украина. Операцијата на Русија беше осудена од меѓународната заедница, а западните земји воведоа економски санкции кон Москва како одговор.