КСС доби поддршка од Меѓународната конфедерација: Ви посакуваме успешх во протестот

468 прегледи

КСС за претстојниот протест доби поддршка од Меѓународната конфедерација на синдикати, каде нашата конфедерацијата е полноправна членка.

Оттаму, во целост го пренесуваме писмото за поддршка од Меѓународната конфедерација.

„Почитуван брат Ралповски, драги сестри и браќа од КСС,

Како што знаете, ние сме загрижени за систематскиот притисок и напад врз синдикатите, членовите и претставниците на КСС, вклучувајќи Ве и Вас лично, рефлектирано во мобинг, вознемирување и откази. Во овој контекст, презедовме мисија за откривање факти и солидарност во февруари 2020 година и продолжуваме да работиме заедно со КСС за изготвување на жалба до Комитетот за слобода на здружување на МОТ против кршењето на Конвенцијата 87 на МОТ од страна на владата на Северна Македонија.

Ние исто така сме загрижени за фактот дека на КСС му беше ускратено целосното вклучување во процесите на националниот социјален дијалог поврзани со развојот на трудот и економската политика, заштитата и подобрувањето на правата и интересите на членовите на синдикатот, како и интересите на сите работници и граѓани на Северна Македонија. Таквиот дијалог е особено од витално значење денес, бидејќи Северна Македонија – како и другите земји – се соочува со предизвиците од економската и здравствената криза. Ние разбираме дека иако може да се забележат одредени подобрувања во односите меѓу различните синдикални организации на земјата, дискриминацијата кон КСС од државните органи продолжува и притисокот не е запрен.

Една од постојаните повреди кон КСС се однесува на членовите на Самостоен синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Република Македонија – ССЕРИ чиешто членство во синдикатот беше прекинато по административно пат и беа префрлени во друг синдикат активен во секторот; оние кои го оспорија тоа мешање беа преместени на работни места во оддалечени делови во државата и се соочија со друг притисок и дискриминација. КСС апелираше до инспекторатот за труд и иницираше судска постапка во соодветниот суд. Додека судот донесе одлука во корист на членовите на КСС, го препозна прекршувањето на слободата на здружување и одлучи сите работници кои беа трансферирани во друга синдикална организација да се вратат како членови на ССЕРИ при КСС, оваа пресуда не беше имплементирана во пракса.

Во овие услови КСС одлучи да направи мобилизација на 15- ти април и од властите за да побара почитување на слободата на здружување и синдикалните права на членовите на КСС.

Оваа прилика ја користиме да покажеме солидарност и поддршка за вас и вашите членови во борбата за заштита на основните синдикални права и слободи, законите и унапредувања на сите права и интереси на работниците и граѓаните на С.Македонија.

Ние сме во солидарност со вас и ви посакуваме успех во вашиот протест!”, се вели во нивното писмо.

Слични содржини