КСС: Секој ден ќе протестираме доколки нема ветување за реализација на нашите барања

од Маја Анчевска
377 прегледи

Претседателот на КСС Благоја Ралповски вели дека ќе останат на улица се додека државата не ги исполни нивните барања за усогласување на платите со минималната плата.

„Доколку утре до 12 часот не се случи нешто, нема ветување за реализација на нашите барања, секој ден од 16 до 17 часот ќе протестираме. Овие денови речиси незабележително се донесе нов Закон за административни службеници во кој има срамно покачување на платите од 100 до 200 денари. Дел од јавната администрација се претвори во социјална категорија, доведена е на прагот на преживување во услови на секојдневен раст на цените и растечка инфлација“, изјави Ралповски.

Независниот синдикат на одбраната дава потполна поддршка на протестите на своите братски синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и им изразува целосна солидарност.

Слични содржини