Поради санкциите, Куба не можеше да добие вакцини од целиот свет, па Кубанците, кои се познати по својата медицина, направија сопствена вакцина, и досега вакцинираа 70 проценти од граѓаните, а планирано е сите да бидат вакцинирани до крајот на годината, вели амбасадорот на таа земја во Обединетите нации Педро Луис Квеста.
Квеста, која ја претставува Куба на Самитот на неврзаните во Белград, за Танјуг изјави дека политиката на ембарго ја спречи земјата да купува вакцини на меѓународниот пазар, па затоа Куба, која има добро развиена медицина и фармација, разви своја вакцина.
„Развивме пет и произведовме три вакцини, со кои вакциниравме граѓани. 70 проценти од граѓаните се вакцинирани со најмалку една доза, а до крајот на годината, сите 100 проценти од граѓаните ќе бидат вакцинирани“, рече Квеста.
Тој посочува дека ова било важен напор на кубанските научници.
„Принципот на Куба, како членови на Движењето на неврзаните, е да соработува. Отворени сме и ние сакаме да го споделиме нашето искуство во производството на вакцини со сите членови и сите земји кои се заинтересирани“, рече амбасадорот, пренесе Танјуг.
Додаде дека некои земји веќе покажале интерес и разговорите започнале со нив – Виетнам, Ирак, Венецуела.