Куба пушти во експлоатација безжична интернет конекција по плоштадите на 16 града вчера. Тоа е ново за земјата во која пристапот до мрежата е строго контролиран од државата, соопшти новинар од АФП.
Во близина на познатиот хотел “Хавана либрето” во главниот град Хавана, стотици луѓе, претежно млади, се поврзаа со нивните мобилни телефони, компјутери и таблети, седнати на тротоари, потпрени на ѕидовите или седнати на импровизирани клупи.
Оваа нова WiFi конекција, е “многу брза”, според клиентите, чини два долари на час во земја во која може де се живее со просечна плата од 20 долари месечно. Дури и така – цената е помалку од половина од онаа, која се плаќа во отворените од неодамна интернет клубови. А тарифите во хотелите достигнуваат околу 10 долари на час.
За да се користи WiFi сигналот, корисникот треба да има сметка во државната телекомуникациска компанија која е монопол во Куба, пишува АФП.
Слични точки има во сите регионални градови на островот.