Кубанка илегално влегла во Македонија за да живее со момчето од Прилеп

од desk2
247 прегледи

Во средата во 20.30 часот каj раскрсницата во село Велушина, битолско, полициски службеници ја пронашле Б.В.Ф.Т.(50) од Куба, каде живеела без документи за идентификација.

По извршените проверки било констатирано дека престојувала кај нејзиното момче во Прилеп, но илегално влегла во Република Македонија. Б.В.Ф.Т. е приведена во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.