Куче истрчало 6,5 километри за да го спаси својот сопственик по сообраќајна несреќа

од Milan1
17,5K прегледи

По сообраќајна несреќа во Орегон, куче истрчало речиси 6,5 километри до кампот за да го извести семејството на неговиот сопственик дека му е потребна помош, а властите велат дека Брајан Гарет бил спасен поради храброста на животното.

Гарет излетал од патот во провалија, а во возилото биле и неговите четири кучиња, пренесува „Гардијан“.

Тој ја преживеал несреќата, а едно од неговите кучиња истрчало речиси 6,5 километри низ дивината за да стигне до семејството на неговиот сопственик.

Семејството брзо почнало да го бара Гарет и на крајот го забележало неговиот автомобил, по што повикале спасувачи.

Премногу повреден за да се искачи сам на стрмната карпа, Гарет бил принуден да ја помине ноќта во провалија чекајќи неговиот верен крзнен пријател да најде помош, пишува „Њујорк пост“.

Кучето на Брендон Гарет пристигна во кампот во округот Бејкер околу 9.30 часот во понеделникот за да го извести загриженото семејство за несреќата, рече шерифот на округот.

„Пристигна шерифот Еш и го пронајде возилото, заедно со кучето, во стрмна област. Додека бараше пристапна точка до потокот, слушна лице како вика за помош“, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Бејкер.

Слични содржини