Кучињата не разбираат сè што им кажуваат нивните сопственици, покажува студија

од Stefanija Kuzmanovska
285 прегледи

Сопствениците на кучиња можеби веруваат дека нивните миленици го разбираат секој збор што ќе им го кажат, но шансите за тоа се многу мали, откри неодамнешно истражување.

И покрај „човечката“ аудитивна способност да интерпретираат звуци, кучињата не можат да слушнат суптилни разлики помеѓу зборовите во начинот на којшто тоа го прават луѓето, откриле истражувачите.

Зборовите се состојат од звуци на говор, кои доколку се променат го менуваат целото значење. На пример, зборот „куче“ може да се претвори во „пуче“.

Истражувачите од универзитетот „Eötvös Loránd“ во Будимпешта ја измериле мозочната активност на кучињата користејќи техника наречена електроенцефалографија, која вклучува лепење на електроди на глави на животни.

Истражувачите на тој начин дознале како кучињата снимале упатства што веќе ги знаеле (како „седи“), слични, но бесмислени зборови („суди“), а потоа многу различни бесмислени зборови („бједи“).

Експертите откриле дека кучињата, кои не биле специјално обучени за експериментот, можат брзо и јасно да ги разликуваат познатите зборови со упатства од оние бесмислените.

„Активноста на мозокот е различна кога слушаат упатства што ги знаат и кога слушаат бесмислени зборови, што значи дека кучињата ги препознаваат овие зборови“, изјави за Си-Ен-Ен, авторката на студијата, Лила Маџари.

Сепак, животните не обрнуваат внимание на малите разлики помеѓу познатите зборови и бесмислените зборови што звучат слично. Наместо тоа, испитаниците ги третирале како ист збор, рече Маџари, истражувач на Одделот за етологија на Универзитетот „Eötvös Loránd“.

Кучињата се познати по нивната способност за слушање и способност добро да слушаат зборови и звуци, рече Маџари, додавајќи дека кучињата се исто така способни да разликуваат говорни звуци.

„Но, изгледа дека тие навистина не обрнуваат внимание на сите звуци на говорот“, објасни таа, додавајќи дека понатамошните истражувања можат да објаснат зошто.

„Можеби едноставно не сфаќаат дека сите детали, звуците на говорот се навистина важни во човечкиот говор. Ако земете пример за нормално куче: тоа куче може да научи само неколку упатства во неговиот живот“, рече таа.

Додека нашите четириножни пријатели можеби не ги препознаваат сите нијанси, Маџари истакна дека студијата потврдила и дека кучињата навистина слушаат говор на човекот, како што беше предложено од претходните истражувања – и не реагираат само на познати луѓе или говор на тело.

„Тоа навистина покажува дека кучињата можат да разликуваат зборови што ги знаат од бесмислени зборови“, рече таа, истакнувајќи дека семејните кучиња регистрирале мозочни активности дури и кога слушале зборови изговорени со непознат глас, кои се пренесувале преку звучници.

Слични содржини