Во Австралија се венчаа две кучиња од раса мопс, а невестата беше облечена во венчаница за 2000 австралиски долари ($ 1 600).
Двете кучиња Јасмин и Џаспер се заедно 7 години. Моделиер на невестинскиот фустан бил Крег Брејбрук, а на облеката на зетот е на Годвин Хили.
На свадбата присуствуваа над 60 кучиња и 350 лица. Наместо прстени младоженците разменија јаки. На крајот на манифестацијата сите присутни беа нагостени со торта.
Влезот за манифестацијата беше платен и парите од него ќе одат за помош на кучињата скитници.