Ќучук – Бучковски: Треба да се врати довербата во договорот за добрососедство

од Берта Китинска

На денешната средба во  бугарскиот европратеник Илхан Ќучук го уверил специјалниот претставник на македонската Влада Владо Бучковски дека, како постојан известувач на Европскиот парламент, ќе продолжи да работи за создавање план за соработка меѓу двете земји, пренесува „24 часа“.

Ќучук и Бучковски размениле идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. Според Ќучук, на Северна Македонија ѝ е потребна политичка стабилност и силна проевропска агенда што ќе обезбеди продолжување на процесот на евроинтеграција, пишува „24 часа“.

-Треба да се врати довербата во договорот за добрососедство. Само преку неа можеме да изградиме долгорочно разбирање и пријателство. Клучот за успешни добрососедски односи е да се изградат заеднички инфраструктурни, образовни и културни проекти што ги поврзуваат двете земји. Убеден сум дека многу наскоро владите на Бугарија и на Северна Македонија ќе му свртат грб на национализмот и ќе се ангажираат во конструктивни преговори, бидејќи ѕидовите немаат место во нашите односи“, изјави Ќучук.

Двајцата се согласиле и околу идејата за создавање заеднички медиумски проекти кои ќе стават крај на лажните вести и националистичката реторика.

-Бидејќи сме најблиски, многу малку знаеме за другиот. Многу често се расправаме за работи што се во минатото, но во исто време се предмет на шпекулации од страна на медиумите. Затоа, создавањето заеднички медиумски проекти, што ќе стават крај на лажните вести и националистичката реторика, ќе биде од фундаментално значење за надминување на нашите разлики, изјавил Ќучук по средбата.

Слични содржини