Ќучук: Бугарија се соочува со притисоци не само од Португалија, туку и од останатите членки на ЕУ

од Andreja Salpe
390 прегледи

Европратеникот Илхан Ќучук во своето гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21 истакна дека Република Бугарија се соочува со силни притисоци, не само од Португалија туку и од останатите земји.

– Има многу силен дипломатски интензитет во разговорите кои се водат и тие не се само од страна на Португалија. Се сеќавате канцеларкаата Меркел колку силно се обиде и политички и дипломатски да ја задвижи таа тема како дел од дневниот ред на Европскиот совет и таа успеа во голема мера, со еден мал исклучок, не успеа тогашниот Совет да даде зелено светло за Република Северна Македонија и Република Албанија. Од таа гледна точка и интересот на Европската Унија е видлив, тој е поврзан со регионалната сигурност, поврзан со присоединувањето на земјите од Западниот Балкан кон Европската Унија. Таа одговара на категоричен начин на барањата на Урсула Фон Дер Лајен Унијата да биде геополитичка и затоа насоките во кои Унијата ја движи политиката се неколку: едно е разговорите, другото е политичкиот и институционалниот пат по кој сака дда го зближи регионот и третиот се разбира се економските и финансиските мерки.

Слични содржини