Ќучук: Не може Бугарија и Северна Македонија кои се две најблиски држави да не најдат пат кон ЕУ

од Milan1

-Не може Бугарија и Северна Македонија кои се две најблиски држави да не најдат пат кон ЕУ. Да имаат заеднички активности во различни дејности, да започнеме од образованието, културата, инфраструктурните прокети, да поминеме на дигитализацијата и можностите кои ни ги дава ЕУ со зелената трансформација. Тоа се теми кои треба да бидат дел од разговорите во иднината, вели европратеникот и известувач за нашата земја во Европскиот парламент Илхан Ќучук.

Тој вечерва во интервју за ТВ Сител посочи дека Бугарија уште е во процес на формирање влада, има четири политички сили кои заседаваат иоти се очекува во најкус рок да излезат со заклучоци и да направат влада. Сите, посочува, сме сме заинтерсирани целиот регион да биде дел од ЕУ, тоа е во стратешки интерес на Бугарија, јас сметам така, а на мое задоволство огромен дел на бугарското опшетство и голем дел од политичките партии мислат така. Треба да има задоволителна соработка и има добра основа за сите клучни прашања.
Темата за историјата, наведе, требаше одамна да биде оставена на историчарите. Инсистирањето историските теми да бидат главни прашања меѓу двете страни се види дека создава огромни проблеми. Историските прашања не може да бидат надминати во рок од неколку месеци или неколку години. Заедно со овие историски прашања ние треба да мислиме и за иднината, за перспективата која треба да дојде и од економскиот развој и од човечките права. ЕУ ги негува сите демократски стандарди, а тоа вклучува човечки права и правата на малцинствата, рече европратеникот.

Според него, има голема доза на разум и потребно е час поскоро да се започнат активни политички разговори.

Слични содржини