Куќата од „Сам дома“ може да се изнајми на еден ден преку Airbnb

од Vladimir Zorba
256 прегледи

Куќата од „Сам дома“ може да се изнајмува за ден преку Airbnb.

Домот на еден од најпопуларните божиќни филмови може да се премести од големото платно во реалниот живот.

Овој декември, оригиналната куќа од филмот „Сам дома“ може да се резервира за една ноќ на Airbnb.

Токму така, куќата во Винетка, Илиноис, каде што Кевин Мекалистер поминува еден интересен Божиќ (додека остатокот од неговото семејство е во Париз), ќе стане дом на група среќници кои ќе успеат да ја резервираат.

Дополнителен бонус е што ќе ги пречека постариот брат на Кевин во филмот Баз, кој е познат и како актерот Девин Ретрај, пишува Complex.

Куќата има неколку внимателно одбрани детали кои љубителите на „Сам дома“ веднаш ќе ги препознаат. Меѓу нив има стапици за можни натрапници, брза храна од 90-тите, зелената наметка на Кевин и миленикот тарантула на Баз.

Сето ова е реклама и за Airbnb и за новиот филм од серијата „Сам дома“ кој носи наслов „Повторно сам дома“ и кој гостите ќе можат да го гледаат во куќата.

Гостите во куќата можеби ќе треба да си купат лосион после бричење ако сакаат да рекреираат некои моменти од филмот пред огледалото, а исто така не е јасно дали ќе можат да нарачаат пица од блискиот ресторан и можат само да се надеваат дека некој нема да се обиде да влезе во куќата.

Оние кои сакаат да ја изнајмат куќата ќе можат да ја пробаат од 7 декември на airbnb.com/homealone и да се надеваат дека ќе имаат среќа.

Куќата ќе биде достапна на 12 декември.

Слични содржини